Рикардо сепак ќе ја заврши сезоната во Ред бул

Од:

Возачот Даниел Рикардо изјави дека ќе ја заврши сезоната во „Формула 1“ во тимот на Ред Бул и покрај коментарите по незавршувањето на Гран При на Мексико, кога лут и во афект својот болид го нарече „проколнат“ и изјави дека не гледа причина да се качи во него за последните две трки.

Мексико беше осми пат како Рикардо не успеа да заврши една трка. Во нервоза тогаш тој изјави дека ќе го даде својот автомобил на Пјер Гасли, кој треба да го замени во тимот следната година.

Со видео во својот профил на Инстаграм, Рикардо рече дека сепак ќе ја заврши сезоната со својот тим.

– Претрпев огромни промени во текот на годината. Имав добри моменти, но неуспесите беа повеќе. Си должам сепак на себе и на сите кои работат толку многу во мојот тим, ја да завршам сезоната пред да си кажеме довидување, објави Рикардо, кој од следната сезона ќе премине во Рено.

Тој додаде дека му е потребено уште неколку дена одмор, но потоа ќе биде „на линија“.

Австралискиот пилот не заврши ниту една трка на на подиумот од неговата победа во Монако во мај годинава.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес