Привремен сообраќаен режим во Влае за време на викендот

Од:

Градот Скопје соопшти дека поради извршување градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот Партизански одреди во Влае, како и асфалтирање прекоп извршен од БЕГ кај Порта Влае, претстојниов викенд ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

Утре, со почеток од 8 часот, ќе се затвори булеварот Партизански одреди на потег од крстосницата со улицата Никола Парапунов до мостот Влајко, во правец од Центар кон Ѓорче Петров. Сите возила и автобуси кои ќе гравитираат од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочат по улиците Московска и Васил Чакаларов или по улиците Скупи и Ацо Шопов.

В недела ќе биде целосно затворен за сообраќај булеварот Партизански одреди во насока од Ѓорче Петров кон Центар. Сите возила и автобуси на ЈСП кои ќе се движат од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочат по улиците Васил Чакаларов и Ацо Шопов.

Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа