Четврт семинар „Жени во Бизнис“ во НЛБ Банка АД Скопје

Од:

Денеска од 10 до 14 часот во НЛБ Галеријата се одржа четвртиот по ред семинар „Жени во Бизнис“ во соработка со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). Овој семинар е дел од програмата „Жени во Бизнис“ финансирана од ЕБОР, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и имплементиран во соработка со НЛБ Банка АД Скопје.

Темата на семинарот беше „Лекции за управување со човечки ресурси”, а на истиот присуствува 40-тина преставнички и лидери на компании, кои имаа можност да добијат корисни совети. Истовремено, овој настан претставуваше исклучителна можност за клиентите да ја прошират нивната мрежа на бизнис контакти, да сретнат други „Жени во Бизнис“ од Македонија, да го споделат нивното знаење и искуство за успешната соработка со НЛБ Банка.

Што претставува кредитната програма за Жени во Бизнис?

Договорот во висина од три милиони евра за поддршка на жените претприемачи во Македонија, помеѓу НЛБ Банка АД Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан – Жени во Бизнисот.

Оваа сеопфатна програма е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и средни претпријатија управувани од жени во пристапот до финансии и советодавни услуги, овозможувајќи им да остварат раст во работењето.

????????????????????????????????????

За кого е наменета кредитната програма за Жени во Бизнис?

Програмата за „Жени во Бизнис“ е наменета и специјално фокусирана кон мали и средни претпријатија предводени од жени. Овозможува пристап до кредити во износ до 300.000 евра за финансирање на основни средства, но и на средства за тековно работење, по многу поволни услови, со рок на отплата до пет години.

Програмата воедно, нуди не-финансиска поддршка, преку советодавни услуги за изработка на бизнис стратегија, маркетинг, сметководство и информатичка технологија, вклучување во програма за менторство, како и континуирана поддршка на бизнисот, преку локалните советници.

Повеќе информации за кредитната линија можете да добиете во сите 54 експозитури на НЛБ Банка АД Скопје и на веб страната на Банката: www.nlb.mk .

ПР објава

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

НЛБ Банка со нова кредитна линија за поддршка на конкурентноста на правните лица

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска