Нови 200 дрвја за почист воздух во Карпош

Од:

По повод 42 роденден на Општина Карпош денес, на улицата „Никола Русински“ наспроти Сити Мол, во населбата Карпош 3, започна големата еколошка акција во рамки на која ќе се засадат 200 нови дрвја на територија на Општината, и тоа во неколку урбани заедници.

– Денес, почнуваме со засадување на 11 големи дрвја – јавори, а во текот на целиот месец ноември ќе насадиме уште 190 висококвалитени дрвја и 50 украсни растенија-грмушки од типот на лаванди, изјави градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

– Бидејќи концептот за зелен Карпош нема алтернатива, решивме годинава, наместо прослави, да организираме вакви корисни акции за граѓаните. Знаеме дека доаѓа период на зголемено загадување, па оттаму решивме да засадиме нови дрвја кои се природен филтер на воздухот, а со редовно чистење на дивите сметлишта (т.н. депонии), преку контроли на палењето огнови на отворено, инспекторски и низа други активности, ќе работиме на зачувување на животната средина во Карпош, истакна градоначалникот Богоев.

Инаку, на почетокот на пролетта беа засадени 113 високорастечки дрвја, потоа во акција заедно со Градот Скопје, долж булеварот „8 Септември“, исто така беа поставени нови садници, а овој пат за зачувување на здравата животна средина се посвети акцијата за зазеленување во пресрет на Денот на Општината 3 Ноември.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот