Научниците од Универзитетот Пенсилванија тестирале 1.269 шестгодишни деца во Кина и набљудувале како појадокот влијае врз нивниот развој. Резултатите до кои дошле покажуваат дека децата кои редовно појадуваат имаат поголем коефициент на интелигенција.
Истражувањето покажало дека децата кои го прескуокнуваат појадокот имаат понизок коефициент на интелигенција за 4,6, додека нивниот говорна вештина е помала за 5,58, а нивниот вкупен успех е помал за 2,5 во споредба со децата кои редовно појадуваат.
Научникот Чиангонг Лиу истакна дека детството е важен период на животот, кога се стекнуваат прехранбените навики и кога се формира животниот стил, па така навиките стекнати во овој период долгорочно влијаат на човековото здравје.
Научниците истакнуваат дека кај шестгодишните деца многу брзо се развиваат когнитивните способности. Тие тврдат дека поради тоа појадокот е многу важен оброк за децата и оти служи како „гориво“ за мозокот бидејќи ништо не се внесува во организмот во текот на ноќта.