Никола Мицевски ќе биде координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија ќе има една пратеничка група, наместо досегашните десет. Ваква одлука е донесена на синоќешната седница на Извршниот комитет на партијата. Нов координатор на пратеничката група да биде пратеникот Никола Мицевски од Штип, кој доаѓа на местото на Драган Данев.

Местото координатор на пратеничка група остана празно откако Драган Данев пред неколку дена најави дека се повлекува од функцијата. Данев ја извршуваше функцијата неполна година, а неговото повлекување следи по низата исклучувања, разрешувања и оставки од партиските функции поради несогласувања со раководството.

За формирањето на единствена пратеничка група, според собранискиот Деловник, ВМРО-ДПМНЕ треба да го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Повеќе детали се најавени за денеска.

Вчера претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржаловски и уште неколкумина лченови на подмладокот на партијата дадоа неотповикливи оставки од функцијата. Претходно, оставка поднесе претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, како и потпретседателката и генералната секретарка на Унијата, Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски