И Томи Кепевски се повлекува од УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

По оставката на претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски, неотповиклива оставка од функцијата поднесе и претседател на Градски Комитет на УМС, Томи Кепевски. Тој во писмо до јавноста вели дека „оваа оставка не е предавање, туку само гласен крик против ова што ни се случува!“

„Почитувани сопартијци и пријатели, мотивиран и охрабрен од денешната оставка на претседателот на Унијата на Млади Сили Лука Кржалоски, решив и јас да си поднесам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Градски Комитет на УМС.

Во последниот период се почесто и повеќе разговорите со моите колеги активисти во партијата се сведуваат на тоа дека таа е воведена во една ситуација на безизлезност.
За жал, јасно е дека ова раководство застранува од стратешките определби и партнери на ВМРО и Република Македонија и служи како платформа за ширење на руското влијание. Овие коментари се уште посилни во градските кругови,каде што се движат обични симпатизери или неопределени граѓани. Сите тие очекуваат од нашата партија да ја преземе природната улога на лидер во нашата држава и да понуди одговор на сите погубни политики на СДСМ.

За жал тоа не се случува, туку гледаме меѓусебни препукувања, фракции, безидејност. Така не само што не нудиме алтернатива за граѓаните, туку и служиме за одвлекување на вниманието од вистинските проблеми. Ние сакаме една прогресивна и силна младина, која ќе биде рамо до рамо со другите младини на Европскиот континент и поголемото западно семејство!“, вели Кепевски образложувајќи ја својата оставка.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Левица со задоцнета загриженост-каде беше кога СДС го пустошеше ЕСМ?

Стојаноски: Собранието ќе донесе закони за зголемување на животниот стандард на студентите и пензионерите

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад нападот на јазикот и идентитетот стојат СДС и Филипче, со оглед на јавно изразената блискост на Бојко Борисов со СДС

Горан Наумовски

Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека повеќе членови од неговото семејство поседуваат бугарски пасоши

Горан Наумовски