МОН ќе може да ги помага ученичките домови доколку непредвидено им се зголемат трошоците за тековно работење

Од:

Владата на Република Македонија во наредниот период ќе може да ги помага ученичките домови доколку настанат непредвидливи ситуации кои ќе им ги зголемат трошоците за тековно работење.

Тоа е овозможено со измените и дополнувањата на Законот за ученички стандард што ги усвои Владата на вчерашната седница со кои се дава можност Министерството за образование и наука (МОН) да додели средства на јавните ученички домови, односно јавните средни училишта во кои има ученички домови доколку непредвидено им се зголемат трошоците за тековно работење.

-Станува збор за средства наменети за трошоци за греење, електрична енергија, вода и слично за потребните на ученичките домови доколку настанат непредвидливи ситуации кои ги зголемиле трошоците, е не може да се предвидат и планираат во Буџетот. Со измените Владата отвора можност да им излезе во пресрет на потребите на ученичките домови во кои се сместени над 2.000 ученици, а кои се наоѓаат во лоша финансиска состојба, рече владиниот портпарол Муамед Хоџа на денешната прес-конференција во Владата.

Би можело да ве интересира

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски