Калгари може да ја повлече апликацијата за ЗОИ 2026

Од:

Канадскиот град Калгари може да ја повлече кандидатурата за организација на Зимските олимписки игри во 2026 година. Во Канада настанаа несогласувања околу финансирањето на Игрите, поради што комисијата за оценување смета дека е беспредметно да се одржи референдумот, закажан за 13 ноември.

Според пишувањата во канадските медиуми, државните и градските власти не можеле да се согласат како да ги поделат трошоците за организирање на Олимпијадата.

Вкупните трошоци за одржување се проценуваат на скоро четири милијарди долари. Околу 60 проценти од износот мора да ги платат органите на државата и градот.

Во исто време, федералните власти се подготвени да дадат само половина од потребната сума, а градот Калгари не е задоволен со тој износ и бара повеќе.

Покрај кандидатурата на Калгари, претенденти за добивање на ЗОИ 2026 се Милано и Кортина Д’Ампецо (Италија) заеднички, како главниот шведски град Стокхолм.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?