Илјадници Венецуелци се упатија кон Перу поради крајниот рок за добивање право на престој

Од:

Најмалку 6.000 Венецуелци вчера беа на северната граница на Перу со надеж дека ќе влезат на перуанска територија, пред да истече крајниот рок за добивање на право за престој во Перу.

-Се очекува денеска и утре да дојдат уште 4.000, изјави перуанскиот омбудсман.

Перу беше една од првите држави, која понуди карти за привремен престој на Венецуелци, кои бегаат од кризата во земјата и ги преминуваат Колумбија и Еквадор за да стигнат во Перу.

Откако бројот на Венецуелци во Перу се зголеми на половина милион, властите го поместија крајниот рок за доделување на вакви лиценци од крајот на годината за крајот на октомври. Што значи, денеска е крајниот рок за да влезат во Перу и да имаат право на картичка, со која ќе можат таму да живеат и да работат.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски