Кумановец притворен, поради продажба на наркотици

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Кумановската полиција поднесе кривични пријави против двајца кумановци.

Кривичната пријава против триесет и двегодишниот Д.С, е за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, додека против дваесет и петгодишниот Г.П, пријавата е за кражба.

Полицијата вчера извршила претрес во домот на Д.С, каде пронашла 1,14 грама хероин, 3,41 грама марихуана и една таблета амфетамин, кои биле наменети за продажба.

За време на претресот, дошол Г.П. кој носел лаптоп, со намера да го заложи за хероин. Полицијата дознала дека компјутерот претходно куамновецот го украл.

Истражениот судија на првопријавениот му одреди притвор од 30 дена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он