Проштална средба Џафери – Винтон: Поддршка од УНДП за отвореноста на Парламентот

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска оствари проштална средба со Луиза Винтон, резидентен координатор на Обединетите нации (ОН) и резидентен претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Македонија, со која разговарале, меѓу останатото разговарале за улогата на Собранието во спроведувањето на проектите од заемната соработка.

– Винтон изрази задоволство од имплементацијата на договорот со Република Грција со цел Република Македонија да стане што побрзо полноправна членка на НАТО И ЕУ, а тоа ќе значи не само сигурност за земјата, туку и трансформација на државата, соопшти прес службата на Собранието на Република Македонија.

На средбата Винтон изразила уверување дека и понатаму ќе продолжи поддршката од Обединетите нации, особено од УНДП, кои, како што навела, стојат на располагање со своето долгогодишно искуство за поддршка на отвореност на Парламентот кон граѓаните.

Џафери, пак, изразил задоволство од досегашната соработка и се заблагодарил за ангажманот на Винтон во текот на нејзиниот мандат, посакувајќи и успех во идните ангажмани.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање