Интензивирање на градежните активности во Крива Паланка пред почетокот на зимската сезона

Од:

Oпштина Крива Паланка преку Центарот за развој на североисточниот плански регион, започна со реализација на третата фаза од проектот насловен како „Подобрување на условите за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во Североисточен плански регион“.

„Во рамките на проектот ќе бидат реализирани следниве активности:

-Реконструкција на локален пат во населено место Конопница кон место викано Спас-селски гробишта, а во оваа фаза се опфатени 310,76 км.

-Изградба на локален пат во село Трново во должина ид 500м.

Вкупната вредност на овие зафати изнесува 4.276.799,13 денари без пресметан ДДВ, односно 5.046.623,00 денари со пресметан ДДВ.

Согласно динамиката во изведување на градежните активности, планирано е во наредниот период да се започне и со реализација и проектот за „Доизградба на регулација на Скрљавски Дол“ кој е финансиран со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Крива Паланка.

Изведувачот на работите е веќе воведен во градба и се очекува да отпочне со градежните активности на терен“, се вели во соопштението на Oпштина Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот