Ердоган го отвори новиот аеродром во Истанбул

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган најави дека новиот истанбулски аеродром, кој денеска беше отворен по првата фаза на изградбата, целосно ќе биде готов до 2028 година.

– Овој аеродром ќе продолжи да се шири во следните 10 години и до 2018 година ќе бидат готови сите четири фази на проектот и сите дополнителни содржини, рече Ердоган на свеченоста по повод отворањето на аеродромот.

Новиот истанбулски аеродром е проектиран да биде најголем на светот и ќе може да прими 200 милиони патнци.

Аеродромот е отворен на Денот на Република Турција, којаја одбележува 95-тата годишнина.

– Денеска го славиме отворањето на еден од најголемите аеродроми во светот, кој почнува со работа, имаме угледни гостите од цела Турција, но и од светот, истакна Ердоган.

Според Ердоган, Турција ќе биде симбол на просперитетот, имајќи предвид дека, според економскиот развој, таа е меѓу првите 10 економии во светот и со своите пријатели ќе биде симбол на мирот во регионот.

Ердоган истакна дека Истанбул е „скапоцен камен” помеѓу двете мориња и дека со новиот аеродром ќе стане важен регионален центар за авиосообраќајот во тој дел од светот

– Ова е голем проект за нашата земја, но и пример за другите проекти во иднина. Ние не изградивме таков голем аеродром само за нашата држава, туку и за целиот свет, изјави претседателот на Турција

Тој посочи дека новиот аеродром во Истанбул е „паметен” аеродром, кој користи вештачка интелигенција и има енергетски паметна зграда која штеди енергија.

Ердоган истакна дека аеродромот „Ататурк“ ќе биде затворен за редовни патнички летови, кога новиот истанбулски аеродром ќе биде целосно функционален, но ќе остане аеродром и ќе се користи за други потреби.

Тој додаде дека вредноста на проектот е околу 10 милијарди евра и дека државата ќе добие повеќе од 30 милијарди евра од концесијата, заедно со наплатените такси.

Би можело да ве интересира

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски