Џафери се сретна со новиот амбасадор на Полска, Тицињски

Од:

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, го прими новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Бојциех Тицињски.

Џафери, изрази уверување дека и во текот на неговиот мандат ќе продолжи плодната соработка исто како и со неговиот претходник, во правец на зацврстување на парламентарните и севкупните односи меѓу двете земји. Претседателот на Собранието на Република Македонија се заблагодари на поддршката на Република Полска за евро – атлантската интеграција, очекувајќи и практична поддршка во текот на преговарачкиот процес на нашата земја со ЕУ, имајќи го предвид искуството на Република Полска, се со цел преговарачкиот процес да донесе позитивни придобивки за Република Македонија.

Амбасадорот Тицињски ја потврди поддршката на Република Полска и рече дека приоритет во неговиот мандат ќе биде динамизирањето на контактите меѓу бизнисмените на двете земји и понатамошниот развој на економските односи, имајќи предвид дека трговската размена во текот на 2017 година меѓу Република Полска и Република Македонија се зголемила за 70%.

Би можело да ве интересира

Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони

(ВИДЕО) Сакаше да излезе од паркинг, па удри во шест автомобили

А1он

Во Полска уапсен тинејџер осомничен за планирање терористички напад

А1он

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

Закана од клучниот човек на Путин: „Варшава може да ја снема за 2-3 дена“

Катерина Ѓуровски

Сикорски: „Вооружена Германија во рацете на крајната десница е ризик за Европа“