МВР: Соработуваме со синдикатите, ги подобруваме условите за работа на полициските службеници

Од:

Раководство на МВР e отворено за соработка со синдикатите, без разлика на репрезентативноста, и тоа се гледа не само по бројните средби, туку и со преземените активности, е одговорот од МВР на денешното барање од Независниот синдикат на полицијата, кој денеска организираше синдикален марш со барање да им се признае репрезентативноста и да се вклучи во социјален дијалог.

– Секој реален предлог што доаѓа од синдикалните организации за подобрување на условите за работа на полициските службеници го прифаќаме и реализираме. Јавноста во изминатиот период беше сведок на реновирањето на десетина полициски станици и други објекти, како и набавка на униформи и друга опрема за да се овозможат подобри услови за работа на полициските службеници. Минатата недела нови униформи доби Единицата за специјални задачи, а деновиве се дистрибуираат униформите и за други полициски службеници, изјави денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Министерството за внатрешни работи во периодот од јуни 2017 година досега, нагласи Ангеловски, постојано работи на подобрување на условите за работа на полициските службеници, нешто што не е правено цела деценија, па полициските службеници беа доведени во ситуација да работат во субстандардни услови и без потребната опрема и униформи.

Покрај тоа, најави, од 1 декември оваа година ќе бидат зголемени и платите на полициските службеници.

– Потенцираме дека и натаму интензивно ќе вложуваме во подобрувањето на условите за работа на полициските службеници, затоа што на тој начин ќе ги подобриме и резултатите во работата, од што бенефит ќе имаат граѓаните на Република Македонија, рече портпаролот во МВР Тони Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он