Трет состанок на Заедничкиот управен комитет за Рамката за развојна соработка со ОН

Од:

Денеска, во Министерството за надворешни работи се одржа третиот состанок на Заедничкиот управен комитет за Партнерство за одржлив развој: Стратегија на ОН за 2016 – 2020. Овој документ го опфаќа колективниот придонес на системот на ОН за реализирање на националните развојни приоритети.

На состанокот на Комитетот, со кој копретседаваа министерот за надворешни работи, Никола Димитров и резидентниот координатор на ОН и постојан претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон, се дискутираа реализираните активности во 2017 и 2018 г. и плановите за 2019 и 2020 г. во петте приоритетни области на дејствување: вработување, добро владеење, социјална инклузија, одржлива животна средина и родова еднаквост. Во дискусијата околу тоа како најсоодветно да се искористи и насочи поддршката што Република Македонија ја добива од системот на ОН и од тимот на ОН во земјата во реализирање на нашите развојни приоритети, активно учествуваа и министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска. Членовите на Комитетот се осврнаа и на поврзаноста на овие активности со евроинтегративниот процес и со Целите за одржлив развој.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров имаше и проштална средба со Луиза Винтон, постојан координатор на ОН и Постојан претставник на УНДП во Република Македонија. На средбата беше изразена голема благодарност за придонесот и поддршката што ПК Винтон го даде за време на нејзиниот мандат во земјата.

Би можело да ве интересира

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

А1он

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни