Гази Баба: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги потценуваат граѓаните

Од:

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба продолжува да ги потценува граѓаните.

Лицемерно и крајно несериозно е советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајковски денеска да зборува за кршење на законите во државата.

Како член на Советот Александар Трајковски треба да знае дека во моменти кога претседателот на Советот одбива да свика седница, право да свикаат седница на Советот имаат и градоначалникот, како и членовите на Советот.

Токму Александар Трајковски треба да одговори зошто ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира работењето на Советот на општина Гази Баба.

Предложените точки на 16-тата седница, се истите оние две точки кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокира уште од 28.09.2018 година, коа за прв пат се поставени на дневен ред на 14-тата седница.

Останува се уште нејасно како тоа советниците на ВМРО-ДПМНЕ уште на 26.09.2018 година кога се одржувала седницата на Комисијата за урбанизам гласале за овие две предложени точки, со заклучок дека комисијата едногласно предлага Советот да ги усвои предложените две точки кои се однесуваат на деталните урбанистички планови.

ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со лаги да ги замајува граѓаните и конечно да почне да работи во нивен интерес.

Заборавете и на момент настрана оставете го интересот на поединци од вашето конфузно раководство.

Доколку како советничка група немате сила да се охрабрите и да се спротивставите на тие штетни совети од вашето раководство, тогаш чесно е да им го кажете тоа јавно на граѓаните и да се повлечете.

Градоначалникот Борис Георгиевски и општинската администрација продолжуваат со спроведување на зацртаните проекти за развој на општина Гази Баба. Ниту една блокада, ниту една закана од страна на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, нема да го спречат градоначалникот Георгиевски да продолжи да работи во интерес на граѓаните.

На крајот, Александар Трајковски може да биде спокоен, Македонија е правна држава и одговорност за сите кои го прекршиле законот мора да има и ќе има“, се вели во реакцијата на Општина Гази Баба на прес-конференцијата на Александар Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати