(ВИДЕО) Стоилковски: СДСМ е седиштето на оние кои што ги погазија правото, правдата, демократијата и државата

Од:

„Зад мене е центарот на грозоморието во кое што е втурната Република Македонија.

Зад мене е центарот на акцијата за обезличувањето на Република Македонија, за етноцид врз македонскиот народ!

Зад мене е дувлото на криминалот кој владее со државата, со буџетот, со улиците, со општините“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тука е центарот од каде беше прифатено криминалното противзаконско потпишување на капитулацијата, мафијашкото изигрување на референдумот и акцијата како уценети и одметнати да изгласаат промена на Уставот.

Ова е седиштето на оние кои што ги погазија правото, правдата, демократијата и државата.

Тука се оние кои прифатија да ги води аболициран помилуван криминалец како Зоран Заев и да бидат негови и поданици на соседните интереси на штета на Македонците и на Република Македонија.

Со колку концесии, тендери, лиценци, градежни плацеви, полиња со дрога, цели компании, фамилијата го зголеми капиталот? Колку тежеше пред Евро за Вицето, колку тежи сега? Колку киловати струја чини Уставот? Колку милиони вреди продажбата на националните и државните интереси за мафијашкиот клан?

Зад мене е зградата на незаменливите додека не се избрише Република Македонија и се што останува и означува македонско, нејзината историја, традиција, култура, посебност, постоење и иднина.

Зад мене е центарот на македонската капитулација.

Сето ова е спротивно на митот за државност со кој со лаги сакаат да го задржат во оваа зграда. Но само како трофеј.

Ниту им е до граѓаните, ниту до државата, ниту до интеграциите.

Ниту некогаш им било!

Со лидер кој што ги прифати сите уцени за да го продолжи својот век во беззаконие, заедно со за него незаменливата банда одродници.

Единствено им е важно да го продолжат криминалното владеење со пљачкосување на државата и продажба на националните интереси.

Република Македонија победи на референдумот.

Република Македонија ја отфрли капитулацијата.

Договорот од Преспа нема никаков легитимитет.

Уставните измени кои што произлегуваат од него немаат никаква важност!

Насилството мора да запре, доколку се сака вистински да се тргне напред со вистински вредности, со почитување на човековите права и слободи, и почитување на демократијата преточена во Уставот и законите, правото и правдата.

Се друго води кон бескрајна незапирлива поделба!“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа