Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, ја освои пол-позицијата на квалификациите пред трката за Големата награда на Мексико.
Тимот на Ред Бул доминираше на патеката и на второто место заврши неговиот клупски колега Макс Ферстапен.
Од третата позиција ќе стартува лидерот во генералниот пласман Луис Хамилтон од Мерцедес, додека најголемиот негов конкурент возачот на Ферари, Себастијан Фетел, беше четврти.
Трката за ГН на Мексико се вози денеска во 20:10 часот.