(ВИДЕО) Костадинов: Како компанијата на Мицкоски од владата на Груевски експресно добила согласност за изградба на хидроцентрали?

Од:

„Антизападниот пион Христијан Мицкоски втор ден бега од јавноста за шемите со неговиот ментор Никола Груевски.

Но, поврзаноста со криминалите Никола Груевски излегуваат на виделина, јавноста ќе ја дознае целата вистина.

Овој документ покажува дека антизападниот пион, Христијан Мицкоски, е еден од сопствениците на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, основана во мај 2014 година“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата во Собранието на Република Македонија.

„Оваа компанија каде што сопственик е антизападниот пион Христијан Мицкоски, заедно со компанијата „Минка ДА“, основа конзорциум „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје.

Овој конзорциум, во кој удел има антизападниот пион Мицкоски, во јуни 2014 се пријавил на јавниот повик за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроцентрали.

Повикот е објавен од Владата на носителот на криминалот, Никола Груевски.

За рекордно време од околу два и пол месеци од основањето на Енерготек ДОО Скопје конзорциоумот кадешто удел има Мицкоски добил концесии за користење вода за изградба на хидроцентрали на реката Брегалница и на Клепалска река.

Антизападниот Мицкоски треба да одговори како тоа по само два и пол месеци од формирањето на Енерготек, конзорциумот во кој тој има удел, од Владата на носителот на криминалот Груевски, добива согласност за изградба на две хидроцентрали?

Знаел ли антизапдниот и антинародниот Мицкоски однапред дека Владата на Груевски ќе објави повик па затоа формирал фирма?

Дали антизападниот Мицкоски веќе онапред ги договорил концесиите што ги добил конзорциумот МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО Скопје, па овој конзорциум бил наменски создаден?

Јавноста ги очекува овие одговори.

Антизападниот пион Мицкоски е ист како неговиот ментор Никола Груевски.

Секојдневно на површина излегуваат причини поради кои антизападниот Мицкоски ги следи погубните политики на неговиот Груевски и затоа по секоја цена се обидува да ја закочи иднината.

Но, ова е уште една причина преостанатите пратенции на ВМРО-ДПМНЕ да не ги следат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски, туку да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата во Собранието на РМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски