(ВИДЕО) Апостолоски: Владата со ребалансот крати 836.715 евра наменети за спортот

Од:

„СДСМ воопшто не се грижи за спортот и спортските работници.

Владата со ребалансот крати 836.715 евра наменети за спортот во земјава.

Зоран Заев додека беше опозиција зборуваше дека спортистите заслужуваат професионален третман, ветуваше поддршка, и поголеми инвестиции.

Заев исто така ветуваше дека спортот и спортистите ќе ги крене на пиедесталот во нашето општество, и ќе им помага во остварувањето на забележителни спортски резултати“, рече Данијел Апостолоски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега сме сведоци дека не само што не дава поддршка и поголеми инвестиции во спортот, туку крати од парите наменети за македонските спортисти.

Кратењето на парите од буџетот значи помалку пари за ракометот, за фудбалот, кошарката, и одбојката во земјата. Ова кратење посебно ги погодува македонските спортисти кои се занимаваат со боречки вештини, а кои постојано Република Македонија успешно ја претставуваат на меѓународни натпреварувања.

Дополнително кратењето на парите во буџетот за спортот значи помалку пари наменети за македонските спортски таленти и надежи, со што Владата на СДСМ сериозно си поигрува со иднината на македонскиот спорт.

Ветуваа и спортски финансиски фонд во првите шест месеци од преземање на власта како една од нивните најзначајни мерки за стимулирање на спортот, но еве помина повеќе од година ипол година, а не само што го нема фондот туку дополнително се кратат пари.

СДСМ докажа дека воопшто не води грижа за македонскиот спорт.

Откако се дојдени на власт не само што не направија апсолутно ништо за подобрување на состојбите во спортот, туку и му нанесуваат удар на македонскиот спорт и сериозно му ги кратат финансиите.

За споредба ВМРО-ДПМНЕ го зголеми процентот за инвестирање во македонскиот спорт и значително ја подобри спортската инфраструктура во земјава. ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт изгради 35 спортски сали и започна проект за изградба на 145 училишни сали. Да не беше ВМРО-ДПМНЕ денес немаше да ги имаме ниту Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, ниту арената „Филип Втори“, каде што се одржуваше „Суперкупот“.

Дополнително на тоа, ВМРО-ДПМНЕ започна со доделување на спортски стипендии за млади, талентирани спортисти, и воведе спортска пензија како највисоко спортско признание со кое ги вреднуваше успесите на нашите докажани спортисти.

Се што направи СДСМ досега е кратење и уназадување на спортот во Република Македонија.

За година ипол СДСМ ги понижи спортистите како едни од најголемите амбасадори на земјава во светот. И СДСМ докажа дека ниту им се важни спортистите, ниту спортските успеси на Република Македонија.

Затоа што поскоро си замине СДСМ, толку побрзо ќе се врати дигнитетот, спортот, и спортските работници во Македонија“, изјави Данијел Апостолоски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје