Седумнаесетгодишната девојка од Кејптаун, жртва на групно силување, почина во болница, соопши денеска јужноафриканската полиција.
Девојката била пронајдена на градилиште во саботата и била сместена во болница. Пред да почине таа идентификувала еден од напаѓачите.
Полицијата уапси еден од напаѓачите, а трага по уште тројца осомничени.
Во Јужна Африка има висока стапка на криминал, вклучително и силувања и убиства.
Фото: lezgetreal.com