Во Велес последната недела од јануари двојно е зголемен бројот на заболени од грип.
Според ЈЗУ Завод за јавно здравје, за посочениот период во Велес и велешко биле регистрирани 74 лица заболени од грип.
– Тоа е нагло и повеќе од двојно зголемување на бројот на заболени од сезонски грип, бидејќи за првите неколку недели од јануари годинава имало само 63 случаи. Сепак, состојбата не е алармантна и е вообичаена за овој период од годинава, потенцира епидемиологот др Билјана Трајкова.
Според податоците, најголем дел од заболените се на возраст од 15 до 64 години, а меѓу нив мал број се деца. Поголем дел од заболените се на домашно лекување, а мал дел поради компликации се на лекување во велешката градска болница.
Д-р Трајкова и овојпат апелира на мерките за претпазливост кај граѓаните за спречување на болеста, како поголема хигиена, избегнување контакт со заболени, почесто проветрување на просториите и полесна храна богата со витамини и течности.