Дваесет и петгодишниот Вилијам Кенвел од Австралија останал без заби, бидејќи пиел Кока Кола по 8 литри дневно, па сега мора да носи протеза.
Кога почнал да ги губи првите заби, лекарите го предупредиле Кенвел да престане да го конзумира газираниот сок веднаш, но тој не скала да поверува и продолжил да пие иста количина дневно. Зависноста од шеќер кај австралијанецот предизвикала и труење на крвта.
-Моите заби многу бргу се распаѓаа и тоа предизвика труење на крвта, па лекарите мораа итно да ги извадат и тие 13 кои ми останаа, а беа во очајна состојба – изјави тој.