ДС: Националното помирување треба да се одвива преку Парламентот

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека помирување помеѓу левицата и десницата, како и пошироко национално помирување, треба да се одвива преку Парламентот, со донесување на: “ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ”.

Во декларацијата треба да се нагласат причините и потребата од помирување, стратешки цели за кои не треба конфронтации, туку консензус и единство, како што се унитарниот карактер на државата,територијалниот интегритет, евроатланските интеграции, владеењето на правото, повеќепартискиот систем и слично.

Со декларацијата треба да се предвиди рехабилитација и обесштетување на жртвите на еднопартискиот систем и по него, обнова на монтираните политичко -судски процеси, преиспитување на селективната и неправедна лустрација, неправедната приватизација итн.

Инаку, помирувањето не треба да се меша со идеите за амнестија од кривична одговорност на носители на високи политички и државни функции, а во контекстот на евроинтеграциските процеси и членство во НАТО“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски