Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес имаше проштална средба со амбасадорот на Република Естонија во Република Македонија, со седиште во Талин, Даниел Ерик Шаер.
На средбата беше направен краток преглед на досегашниот развој во пријателските односи на двете земји, при што беше потврдена заемната заложба за натамошно јакнење на политичкиот дијалог и интензивирање на севкупната билатерална соработка.
Министерот Димитров упати благодарност до амбасадорот Шаер за неговиот личен придонес во унапредувањето на односите на двете земји и му посака успех во неговиот натамошен професионален ангажман.