Претседавачот на Комитетот за надворешни работи и известител на Европскиот парламент за Србија Дејвид Мекалистер денеска оцени дека Косово ги исполнило сите услови за визна либерализација и изрази очекување членките на ЕУ да го препознаат тој успех и да дадат зелено светло за слободно движење на државјаните на Косово.
Тој изјави дека процесот на интеграција на земјите од југоисточна Европа е предизвик кој тие мораат да го победат со поддршка на ЕУ.
Косовската министерка за европска интеграција Дурата Хоџа нагласи дека очекува одлука за визна либерализација за време на австриското претседавање со ЕУ, кое завршува на 31 декември 2018.
-Ги исполнивме сите услови за либерализација и почнавме со информативна кампања за граѓаните. Убедени сме дека патот на интеграции е нашиот единствен пат и очекуваме позитивна одлука, изјави Хоџа.