(ВИДЕО) Костадинов: Дали што бил советник на Груевски, му помогнало на Мицкоски да добие согласност за хидроцентрали?

Од:

„Антизападниот пион Христијан Мицкоски пред јавноста треба да одговори како компаниите во кои тој има удел, од Владата на Никола Груевски добил согласност за изградба на хидроцентрали и закуп на земјишта за мали хидроцентрали?

Дали тоа што бил советник за енергетика на носителот на криминалот Никола Груевски, му помогнало на антизападниот пион Мицкоски?“, праша Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Очигледно има причини поради кои Мицкоски посветено ги следи погубните, криминални политики на неговиот ментор Груевски, а преку кои нанесува штета на државните и национални интереси.

Очигледно Мицкоски е дел од криминалите на Груевски и затоа по секоја цена тој и раководството на партијата се обидуваат да ја закочат иднината на Македонија и да ја вратат во изолација и неизвесност.

Ова е уште една причина преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да не ги следат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски и да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот