Министерот Димитров на проштална средба со амбасадорот на БиХ во РМ, Лепа Бабиќ

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, денес оствари проштална средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонијa, Лепа Бабиќ.

На средбата, министерот Димитров се заблагодари за успешната и плодна билатерална соработка, потврдена со засилената динамика на остварени средби на високо ниво, што значително придонесоа за нејзино збогатување со нови содржини од заемен интерес, нагласувајќи ја перспективата во делот на економската соработка.

Соговорниците, воедно го подвлекоа задоволството од досегашната соработка на регионален и меѓународен план, изразувајќи надеж дека Република Македонија и Босна и Херцеговина ќе продолжат со досегашната, заемна поддршка за нивно целосно европско и евроатлантско интегрирање во блиска иднина.

Посакувајќи ѝ натамошен успех на професионален план на амбасадорот Бабиќ, со посебен осврт на нејзиниот ангажман во областа на културната соработка, министерот Димитров изрази убедување дека постигнатото ниво на позитивен развој на билатералните односи, ќе се одржи и во иднина.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија