ВИДЕО: Џафери чека известување за нова пратеничка група

Од:

Во однос на најавата и можноста за нова пратеничка група од осумте пратеници од опозицијата кои ги поддржаа уставните измени, претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека Деловникот го дозволува тоа, но тие се уште не доставиле известување до него како ќе постапат.

– Тие имаат право според Деловникот за работа на Собранието, имајќи предвид дека се отцепиле од коалицијата и одлуката на партијата да ги исклучи, и според Деловникот можат да се самоорганизираат, имајќи предвид дека се повеќе од пет. Но од формален аспект треба индивидуално и формално да се изјаснат за нивниот статус, дека не се дел од коалицијата и потоа со нов акт да ме известат, за да може да формираат пратеничка група. Кога и да се изјаснат, нема временска дистанца да го направат тоа, рече Џафери.

Седумтемина пратеници исклучени од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека до крајот на неделата ќе кажат дали ќе дејствуваат како независни или ќе формираат нова пратеничка група. Засега ја отфрлаат можноста да се приклучат кон друга пратеничка група.

Неизвесно е дали на Емилија Александрова, Нола Исмајлоска-Старова, Елизабета Канческа-Милевска, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Зекир Рамчиловиќкои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, ќе им се приклучи и пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ, која ги поддржа уставните измени за разлика од своите сопартијци, кои гласаа против уставните измени.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела