(ВИДЕО) Џафери: Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не се заинтересирани за помирување

Од:

Идејата за формирање на телото за помирување потекнува од мнозинството, да има општо помирување меѓу партиите, изјави денеска за медиумите претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Како што рече, волја на пратениците е токму тој да го води ова тело.

„Вчера имавме дискусија со претпоставка како би изгледало. Еден од основните елементи е етичкиот кодекс на однесување кој беше усвоен. Очекувам иницијаторите да свикаат конкретна средба и да ја објаснат идејата“, рече собранискот спикер.

Според него, во однос на ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека не се заинтересирани за општо помирување кое ќе се одрази и врз граѓаните.

„За законот за амнестија имаат надлежност да достават предлог закон не е спорно тоа, но која е идејата и што би придонело тоа. Не прејудицирам која би била идејата на таков закон и во кој опфат би било, но во секој случај секој пратеник има легитимно право да предложи закон, па и таков закон. Ќе се разговара за тоа кога ќе имаме конкретен предлог“, истака Џафери.

Во врска со подготовката на уставните амандмани, тој рече дека обврска на предлагачот е да подготви амандмани, но истакна дека не е спорно да се прават консултации и да се бара мислење од пратениците.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски