Дневниот спортски весник „Македонски спорт“ денеска го претстави своето ново издание, ребрендирано и целосно во боја и со нов формат.
– Новиот дизајн и ребрендираниот весник, кој е целосно во боја, ќе придонесе да се надмине монотонијата на црно и бело. Внесуваме нов колорит, нови димензии за во иднина читателите на „Македонски спорт“ да можат да уживаат при неговото читање, изјави главниот и одговорен уредник на весникот Игор Ивановски.
Од 1 јули 2012 година редакцијата на овој весник е под издаваштво на „Медиа принт Македонија“ и од тогаш започна проектот со нов дизајн и целосно ребрендирање на весникот.
На промоцијата на новиот изглед на „Македонски спорт“ присуствуваа и македонските фудбалски репрезентативци предводени од капитенот Горан Пандев.
На симболичен начин, Пандев со четка за боење го претстави првото целосно колоритно издание на „Македонски спорт“.
ФОТО: МИА