Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека ако САД одлучат да се повлечат од Договорот за нуклеарните сили од среден дострел, Русија ќе мора да одговори на ист начин и ќе го направи тоа брзо и ефикасно.
– Ако САД се повлечат од договорот, главно прашање е што ќе се прави со тие нови ракети. Ако ги испорачаат во Европа нашиот одговор природно ќе биде еднаков на тоа, изјави Путин.
Тој додаде дека би сакал да разговара со Трамп за тој договор на претстојниот самит во Париз на 11 ноември.