Владата на Германија врши притисок врз домашните производители на автомобили да ги унапредат дизел-моторите што прекумерно загадуваат воздух, а имаат системи што тоа го кријат на тестовите. Владата со тоа се обидува политички да ги смири возачите гневни поради можности да им биде забрането користење такви возила во големите градови.
Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел одобри низа мерки за унапредување на моторните возила опремени со систем за „лажење“ на тестови за издувни гасови. Доколку тие возила не бидат во согласност со прописите, ќе бидат забранети во Хамбург, Берин, Штутгарт и Франкфурт.
Дизел возилата се голем извор на азотни оксиди кои може да бидат штетни за човековото здравје. Ново-најавените мерки ќе се однесуваат за 15 германски градови во кои е значително надмината границата на ЕУ од 40 килограми азот-оксид по кубен метар воздух. Уште 50 градови во Германија се на раб на тој праг од ЕУ.
Суд во Мајнц разгледуваше дали е правно основана забраната за автомобили со дизел погон за да се намали загадувањето на воздухот во тој град.
Германската влада сака производителите да ги унапредат продадените дизел автомобили, а судот подготвува забрана за дизел.