СДСМ: Пионот Мицкоски и антизапaдното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не знаат што значи помирување и национално обединување

Од:

„Антизападното и антимакедонско раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски -пионот на носителот на криминалот, Никола Груевски, не знае што значи тоа помирување и национално
обединување.

Пионот Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да сфатат дека заврши времето кога некој монтираше случаи и диктираше судски пресуди. Ниту законодавната, ниту извршната власт не можат и не смеат да се мешаат ниту пак да влијаат врз судството.

На Македонија и е потребно помирување и национално обединување околу иднината на државата, околу стратешките интереси за членство во ЕУ и НАТО. Овој процес започна од Собранието и ќе продолжи во интерес на Република Македонија.

Пионот на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да разберат дека помирувањето не значи ослободување од одговорност за криминал, правда мора да има.

Македонија е правна држава, има независно судство коешто работи неселективно и единствено според законските прописи“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Македонија тоне во нов бран на растечка инфлација

А1он

(ВИДЕО) Јанчева: Орце Ѓорѓиевски е градоначалник на партијата, не на граѓаните

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои се нафатиле да изгубат

(ВИДЕО) Манојловска: Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ