Георгиевски: Заедно со граѓаните ќе креираме буџет на општината за 2019 година

Од:

„Сакам да ве известам дека општина Гази Баба и оваа година како и минатата, ќе го креира својот буџет во согласност со потребите на граѓаните. Секој еден граѓанин, кој што има идеја како и за што да се наменат средствата, ќе има можност во писмена форма да ја предложи до општината и секоја идеја ќе биде разгледана.

Граѓаните ќе можат со пополнување на посебен формулар да ја предложи својата идеја, дали директно во општината на едношалтерскиот систем или во електронска форма на меилот [email protected]“, рече градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.

„Јас ќе ги земам во предвид сите предлози кои ќе ми помогнат да бидам подобар градоначалник, за заеднички со граѓаните да ја развиваме општината во секој нејзин дел.

Во периодот кои ни претстои ќе оствариме средби со претставници на невладиниот сектор и граѓанските здруженија, културните работници, спортисти и спортски здруженија, како и бизнис секторот, кои ќе ги консултираме за нивните предлози за буџетот на општината.

Ќе ги посетиме и сите населени места каде со службите на општината и советниците ќе ги презентираме нашите проекции за буџетот, но и ќе ги слушнеме директно од граѓаните предлозите и приоритетите за нивното населено место.
Само на овој начин преку граѓански буџет можеме Гази Баба да ја направиме поубаво и достојно место за живеење на секој граѓанин“, изјави градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”