„Самсунг“ патентираше метод кој го претвора дисплејот на смартфонот во сензор за отпечатоци

Од:

Самсунг е еден од најголемите извори на иновации во индустријата во последниве години. Корејскиот гигант постојано експериментира со различни методи и технологии кои можат да ја олеснат нашата работа со мобилните уреди. На интернет сега се појави информација за патент на компанијата, кој опишува метод за претворање на целиот екран на смартфоните во целосно функционален сензор за отпечаток. Тоа значи дека Самсунг сака да ги елиминира актуелните проблеми во таа технологија.

Нивниот концепт вклучува употреба на оптички сензор кој може да биде вграден во следната генерација паметни телефони со дисплеј на преклопување. Самсунг сака да им даде поголема слобода на своите корисници, овозможувајќи им да одберат во кој дел од екранот да ги отклучат самите уреди. Користењето на сличен сензор исто така ќе овозможи целиот простор во предниот дел да се користи за мултимедија и ќе придонесе за отстранување на рамката околу екранот.

Патентот предвидува сензорот да ги скенира прстите три пати, а времето за реакција на секој од нив е 20-30 милисекунди. Додека се случува тоа, екранот автоматски ја менува осветленоста за да може полесно да се идентификува. Можеме да очекуваме првите уреди со сличен сензор да станат реалност следната година. Прашање е дали Galaxy S10 ќе користи таков дизајн, кој ќе му даде значителна предност над своите конкуренти.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска