Џејмс Камерон, режисерот на Аватар, ја победи тужбата на советникот за визуелни ефекти, Гералд Моравски, кој тврдеше дека Камерон од него ја украл идејата за блокбастерот Аватар вреден милиони долари.
Судијката Маргарет Мороу пресуди минатата недела дека Камерон и неговата компанија Лајтсторм Ентртејнмент не се одговорни за обештетување на Гералн Моравски, кој велел дека во 1991 му доверил идеја за филм сличен на блокбастерот од 2009 година, бидејќи докажале дека Аватар е целосно оргинална креација.
Камерон и компанијата докажале дека кога се стренале во 1991 година, Моравски зборел за филм насловен Чувари на Рајот во кој се борат злобни интереси и вонземјанско племе кое живее во хармонија со шумската околина. Продуцентите на Аватар издале декларација од 45 страни на која се заколнале, во која е објаснето како Камерон самостојно ја смислил идејата за филмот, како и за две продолженија.
Камерон има уште еден случај во кој е тужен за Аватар од писталот Ерик Рајдер, кој тврди дека тој напишал приказна наречена Кеј-Ар-Зи 2068 во 1991 година во која се зборува за корпорациска колонизација на далечна планета. Рајдер, чиј случај е сослушуван во судот во Лос Анџелес, вели дека работел на проектот две години на барање на Лајтсторм. Камерон вели дека никогаш не се видел со писателот и повторно тврди дека идејата за Аватар е целосно независна.