Кабрио верзија на малиот градски автомобил Опел Адам ќе се најде на пазарот кон крајот на 2014 година, пренесува caradvice.com, повикувајќи се на високи службеници во Џенрал моторс Европа.
Германскиот производител на автомобили Опел својот најмал модел Адам во кабриолет изведба на пазарот се очекува да го претстави кон крајот на 2014 година. Адам кабрио ќе влезе во директна конкуренција на Цитроен ДС3 Кабрио и Фиат 500Ц.
Моделот со три врати на Опел Адам беше официјално претставен во септември на Саемот на автомобили во Париз. Во понудата на мотори моментално се три бензински агрегати 1,2 литарски со 72 коњски сили и 1,4 литарски со 87 и 100 коњски сили.