По повод Европскиот ден за граѓанска правда, Основниот суд Скопје II Скопје, организира отворен ден за граѓаните, со цел истите поблиску да се запознаат со начинот на остварување на нивните права во судските постапки, соопштуваат од судот.
Настанот, се додава во нивното соопштение ќе се одржи на в четврток, во свечена сала на Врховен суд, со почеток во 10:00 часот.