Компанијата „Самсунг“ на ЕвроФорумот во Монте Карло ја претстави машината за перење облека Еко бабл и новиот модел на роботските правосмукалки НавиБот КорнерКлин.
Еко бабл технологијата овозможува меурчињата да го раствораат и активираат прашокот за перење, кој потоа побрзо навлегува во облеката. Меурчињата го доведуваат прашокот за перење во контакт со секое влакно, со цел да понудат подобро решение за перење на значително пониски температури и поголема заштеда на електрична енергија.
Проблемите за време на перењето веднаш се решаваат со апликацијата Смарт чек, која ги открива проблемите во рана фаза, нудејќи брзи и лесни решенија со употреба на смартфоните со скенирање со помош на ЛЕД дисплејот.
„Самсунг“ исто така го претстави и новиот модел на роботска правосмукалка НавиБот КорнерКлин, која овозможува длабинско и ефикасно чистење и интелигентно и флексибилно движење. Оваа правосмукалка длабински чисти голем број површини, од агол до агол, благодарејќи на Поп аут четката.
Унапредените сензори ја прават камерата чувствителна на пречки, кабли и други предмети, така што корисниците не мораат да се грижат за работите кои ќе му се најдат на патот на овој апарат.
Ако батеријата е при крај, НавиБот знае дека треба автоматски да се стави на полнач, а доколку чистењето не е завршено, апаратот ќе се врати на својата последна локација и продолжува да чисти.