(ВИДЕО) Стоилковски: Креиран е чин кој води кон етноцид, кон бришење на цел еден народ и неговите одлики

Од:

Македонскиот пиреј ги издржал и грчките андарти и колонизаторите, и германските и бугарските фашисти и особено нивните домашни соработници. Република Македонија ги преживува најтешките моменти од својата самостојност кои ќе бидат врежани во идните моменти од борбата за државност. Македонска судбина е таква, се повторува, како што сега на мрачен, шверцерски и мафијашки начин се обидуваат да го избришат, искорнат македонскиот народ, историјата, културата, државата, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Република Македонија никогаш нема да биде уништена. Република Македонија е создадена врз крв и дела за почит, која што денешната власт ја нема. Република Македонија е создадена врз идеја која што оваа капитулантска власт никогаш нема да ја избрише. Република Македонија е врвот на македонската борба за самостојност и зачуван идентитет. И така и ќе остане. Почитувани, секогаш имало такви кои за грст златници го лечеле наталожен гнев од личниот неуспех со обид за бришење на државотворната идеја. Историјата памети, а останале и запишани, како во Манифестот од АСНОМ, имињата на оние кои се одродиле и застанале спроти националните интереси. Така било така е и сега, рече Стоилковски.

Според него, силувањето на демократијата кое го доживува Република Македонија уште повеќе го поларизира општеството и ја однароди власта.

– На виделина се покажа вистинската причина за политичкиот терор, за заднината за 27 април, за затворањето на пратеници, уметници, патриоти. Уште еднаш целосното беа погазени Уставот, законите, деловникот, демократијата. Згазени се човековите права, згазени се основите на човечноста и достоинственоста на цел народ. Тоа не се европски западни цивилизациски вредности. Креиран е чин кој води кон етноцид, кон бришење на цел еден народ и неговите одлики! Нечовечноста на Заев е изворот на гнев кај македонскиот народ по неуспешниот Референдум и уште повеќе ги продлабочи поделбите меѓу народот и неговата капитулантска власт. Референдумот беше јасен – менување на името на државата Република Македонија, менување на македонската историја, традицијата, културата, менување на македонската борба е неприфатливо, рече Стоилковски.

Како што кажа тој, ВМРО било создадено од народот, а ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и нивната борба за самоидентификација, борба за вистина.

– Заев, СДСМ и нивните платеници, ставија точка на можноста за демократски напредок во општеството. Договорената капитулација никогаш нема да заживее кај Македонскиот народ. Многу скоро ќе мора да се соочат со граѓаните, а тогаш оваа антинародна и недемократска власт многу скоро ќе замине во историјата каде Зоран Заев и неговата банда ќе останат запишани како „Влада која потпиша и насилно спроведуваше капитулација со бришење на македонскиот идентитет!“, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски