Најмалку 55 загинати при судири меѓу христијани и муслимани во Нигерија

Од:

Најмалку 55 лица загинаа во судири меѓу христијани и муслимани во северниот дел на Нигерија, соопшти денеска Кабинетот на нигерискиот претседател Мухамаду Бухари.

– Честите крвопролевања, што се должат на недоразбирања кои можат да се решат по мирен пат, се неприфатливи. Ниту една култура или религија не треба да го оправдува посегнувањето по човечки живот, се наведува во соопштението на Кабинетот на Бухари, кој ги осуди насилствата.

Судирите започнале во четвртокот меѓу припадници на муслиманското племе Хауса и христијанското Адара на пазар во градот Касуван Магани во сојузната држава Кадуна. По интервенцијата на полицијата ситуацијата времено се смири, но вчера група млади христијани нападнале припадници на локалната муслиманска заедница, што предизвика нови судири.

При инзидентите се опожарени неколку домови и предизвикана е поголема материјална штета.

Локалната полиција соопшти дека во Касуван Магани од вчера е воведен полициска час и дека се уапсени 22 лица, учесници во немирите.

Конфликтите на верска основа се честа појава во Кадуна, а како повод за судирите најчесто се спорови околу контрола на земјиштето за пасење стока и одгледување земјоделски производи меѓу муслиманите, кои се традиционално сточари и христијаните, кои претежно се занимаваат со полјоделство.

При слични судири во Кадуна во февруари годинава загинаа 10 лица и беа опожарни стотици домови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он