„Skyfall“ прогласен за филм на годината на Бритиш Филм Авардс

Од:

Последното филмско издание за Џејмс Бонд „Skyfall“ е прогласен за филм на годината, одлучи британската публика во рамките на доделувањето на Бритиш Филм Авард. „Skyfall“ ја освои и наградата за најдобра филмска фотографија.

– Лондон Ивнинг Стандард Бритиш Филм Авардс го слави успехот на британските филмови. „Skyfall“ е вистински британски филм на кој Холивуд може да му позавиди. Прикажа креативност, визија и талент на новата генерација на британски режисери и актери, рече Сара Сандс, уредник на Ивнинг Стандард.

Саша Барон Коен, познат и како Али Г. Борат и Бруно, ја доби наградата за извонреден успех.

Наградата за најдобар актер ја доби Тоби Џонес за улогата во филмот „Berberian Sound Studio“.

Најдобра актерка во 2012 година беше Андреа Рајсбору, која ја играше улогата на терорист и таен агенге во фимот „Shаdow Dancer“.

Церемонијата за доделување на наградите позната под наслов Лондон Ивнинг Стандард Бритиш Филм Авардс е одржана во Лондонскиот филмски музеј.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ