Малчески: Со осомничени криминалци менувате Устав среде вечер, станавте измеќари на криминалот во државата

Од:

Самоил Малчески по гласањето за уставните измени во македонското Собрание синоќа напиша дека пратениците кои гласале „За“ станале измеќари на криминалот во државата.

„Зборувајте ми после за право и правна држава! Со осомничени криминалци како Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Муковски. Елизабате Канческа Милевска менувате Устав среде вечер! Станавте измеќари на криминалот во државава“ напиша Малчески.

Тој пишува дека Македонија е заробена држава и оти судскиот систем бил заробен, а „сваровски судиите“ сега имале нов или нов со примеси на стариот газда.

„Многу пати до сега се прашував зошто ни точка, ни запирка од извештајот на Прибе не беа реализирани во изминатите 18 месеци и конечно го добив одговорот! После ова немате легитимитет да зборувате нит за демократија, нит за правна држава, нит за реформи, а најмалку за европски вредности“ пишува Малчески.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема услови за уставни измени, Владата не е подготвена да преземе било каков чекор

Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува причините на Европскиот фронт за поднесување иницијатива за уставни измени

А1он

Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт

Горан Наумовски

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот