Собранието со 80 гласа „За“ одлучи да пристапи кон уставни измени

Од:

Собранието на Република Македонија доцна вечерва со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.

На барање на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, гласањето се вршеше поединечно со именување и јавно гласање на пратениците.

Од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За“ уставните измени гласаа пратениците Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајловска, Елизабета Канческа Милеска, Крсто Мукоски и Зеќир Рамчиловиќ.

Собранието со 75 гласа „за“ заклучи најдоцна во рок од 15 дена да изготви предлог амандамни на Уставот и да ги достави до Собранието. Одлуката се објавува во Службен весник и стапува на сила веднаш.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он