Еквадор го протерува амбасадорот на Венецуела, бидејќи венецуелски министер го навреди еквадорскиот претседател

Од:

Еквадор соопшти дека ќе го протера амбасадорот на Венецуела, бидејќи венецуелски министер го навредил еквадорскиот претседател.

Министерството за надворешни работи појасни дека министерот за информациите на Венецуела Хорхе Родригез го нарекол претседателот на Еквадор Ленин Морено „лажго” поради неговата изјава дека секој ден во Еквадор пристигнуваат по 140 автобуси со мигранти од Венецуела.

Луѓе масовно бегаат од Венецуела, која е зафатена од колосална криза со недостиг на храна и лекови и колапс на комуналните услуги, како што се снабдување со електрична енергија и вода. Голем дел од меѓународната заедница за кризата ја обвинува власта на социјалистот Николас Мадуро.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски