Средба на Заев со делегација од Европската федерација на банки за храна

Од:

Идеи и практики за развој на банки за храна, од земји членки на ЕУ, кои би послужиле како модели за одржлив развој на мрежа од банки за храна во Република Македонија биле презентирани на денешната средба на премиерот Зоран Заев, со делегација на Европската федерација на банки на храна (ЕФБХ), предводена од генералната секретарка, Ангела Фриго и директорот на Коалицијата против фрлањето храна во Македонија, Душко Христов.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата премиерот Заев изрази поддршка, од лично и од име на Владата за ентузијазмот и активизмот, кој, рече, е силна порака за солидарност, помирување и споделување, не само декларирана туку и манифестирана на дневно ниво.

Тој, се додава, изрази уверување дека Владата веќе прави големи напори во изнаоѓањето модели за на што повеќе финансиски ранливи категории да им се обезбедат пристојни услови на живот, а во тој контекст, како што рече, Банките за храна се исклучително благородна идеја и алатка, која е сериозен придонес во решението за подобрување на животните услови на голем број на граѓани.

Генералната секретарка на ЕФБХ, објаснувајќи ги придобивките од работата на банките за храна, сподели искуства од Италија и Франција, и додаде дека системската поддршка на државите во работата на банките за храна резултирала со 20 отсто во порастот на редистрибуираната храна.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот