Средбата од седмото коло на СЕХА-лигата против екипата на Татран Прешов, која в сабота ќе се одигра во ВИП Арената СЦ “Борис Трајковски“, ќе има и хуманитарен карактер. Имено, парите од влезниците ќе бидат донирани за лекувањето на малата Дарија, која поради предвременото породување е во критична состојба и е задржана во единствената приватна клиника која нуди стручна нега за нејзиното закрепнување, објави клубот од Автокоманда.
Цената на влезниците ќе биде 100 денари, а средбата ќе се одигра в сабота, со почеток во 20:15 часот.
Секој кој сака да донира финансиска помош тоа може д аго направи и преку:
Сметка во Тутунска банка: 210501648152948
Телеком број: 143 193
ВИП број: 143-489